Производи > Врати > Противпожарни метални и стаклени врати (Т30, Т60, Т90, Т120, T180)
ПРОТИВПОЖАРНИ МЕТАЛНИ ВРАТИ
(Т30, Т60, Т90, Т120, Т180)
Тоа се противпожарни врати кои претставуваат добар компромис од функционалност (поседуваат сертификат) и убав дизајн, така што можат да се вградат било во индустриски објекти (хали, канцеларии), во јавни објекти (школи, сали....), како и во репрезентативни објекти (хотели, банки.....).
Изработени се од челичен лим, заштитени од корозија и естетски завршно исфарбани.
Внатре се исполнети со специјални противпожарни слоеви, во зависност од класата.
Поседуваат заптивки активни во нормалната експлоатација, како и специјални експандирачки противпожарни заптивки, кои се активираат во случај на пожар.
ПРОТИВПОЖАРНИ СТАКЛЕНИ ВРАТИ (F30, F60, F90, F120)
Тоа се противпожарни врати кај кои поголемиот дел од површината на крилото се состои од противпожарно стакло.
Рамот е изработен од специјални противпожарни профили кои имаат таква конструкција да имаат минимални деформации при пожар, имаат голема крутост да ја издржат тежината на масивното противпожарно стакло и специјално противпожарно полнење.
Одлично заптиваат во нормална експлоатација и имаат додатни експанзивни противпожарни заптивки.
Имаат многу убав изглед и можат да се вклопат во секаков амбиент. Наменети се за вградување во репрезентативни објекти.